Вашиот нов дом!

Градба Јасен од Прилеп беше и сеуште е една од позначајните фирми за градба на објекти за домување и работење.


Ние веруваме дека домот не е само место на живеење, туку и уметност на живеењето, пред се. Затоа, првичната идеја на нашите станови е да го креираат вашиот дом како ваша уметност на живеењето.

“ Умеењето да се ужива во животот и да се радува на домот и малите нешта во него е смислата на животот. ”

Локација

Следејќи ги потребите и побарувачката на пазарот за недвижности во 2014 година започнавме со надградба на ексклузивни станови во строгиот центар на градот.


Објектот се наоѓа на улица Димо Наредникот бр. 63-2, веднаш до хотел Липа, наспроти судската зграда, односно до полициската станица.


Во близина се наоѓаат две основни училишта, и тоа Основно училиште Кочо Рацин и Основно училиште Климент Охридски, како и детска градинка.


Повеќе информации

Карактеристики

Станбениот објект е лоциран во централното градско подрачје. Интегриран во урбана средина со мешовита намена, вклопен во градски тип на опкружување - улици, трговија, општествени објекти.

Проектиран од стручен тим на архитекти и градежни инженери, соработници на Градба Јасен.

Станбен објект П+3+Пк
Висококвалитетни и најсовремени градежни материјали и елементи
Енергетски ефикасна градба по најнови стандарди за енергетски ефикасни објекти
Термо изолација на ѕидови и кров Енергетски ефикасна дограма Комплетно уредени купатила
ГРАТИС
Соларен панел

Ексклузивни Италијански внатрешни врати по ваш избор
Блиндор врата
Ламинатни подови

Уредување

Со секој купен стан добивате бесплатни совети од познати дизајнери за ентериерно уредување на вашиот нов дом.